Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2010 |
Број на страници | 205 |
Превод/Препев | превод од германски: Ксенија Чочкова |
заштеди
170,00 денВикенд
200,00 ден370,00 ден
Бернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.
Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.
Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.
Бернхард Шлинк е роден 1944 година во Билефелд, Германија. Живее паралелно во Бон и во Берлин, работејќи како адвокат.
Својата книжевна одисеја ја започнува во почетокот на 90-те со криминалистичка трилогија, но вистински пресврт во неговата кариера претставува ремек-делото „Читачот“ (1995), роман за кој ги добива двете национални и неколку интернационални литературни награди. Следи прекрасната колекција на кратки приказни „Бегства од љубовта“ (2000), а неколку години подоцна и комплексниот роман „Враќање дома“ (2006).
Со романот „Викенд“, Шлинк докажува дека и понатаму е еден од најдобрите и највозбудливите современи европски книжевни раскажувачи.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.