„Мина“, нов роман од Игор Анѓелков

„Мина“, нов роман од Игор Анѓелков

По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, Игор Анѓелков со нов роман! Утре од печат излегува „Мина“, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата. Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена […]

Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

На 06 септември се одржа промоцијата на новата збирка раскази од Игор Анѓелков, „Двојна експозиција“. Промотори на книгата беа Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а музички настап имаше актуелниот скопски пост-панк бенд „Хајка“. Повелете видео-запис од настанот 😉

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Почитувани читатели, ја најавуваме промоцијата на неодамна објавената збирка раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков во вторник, 06 септември, во МКЦ Клуб ресторанот со почеток во 20 часот. Промотори се Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а музички настап ќе има актуелниот скопски бенд „Хајка“. Дојдете на убава дружба, Ве очекуваме 😉  

„Двојна експозиција“, нова прозна објава на Игор Анѓелков

„Двојна експозиција“, нова прозна објава на Игор Анѓелков

Почитувани читатели, Во понеделник ќе излезе новата книга на Игор Анѓелков насловена „Двојна експозиција“, како 210-то издание во едицијата „ПРОаЗА“. По неговата прва книжевна објава, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), авторот и’ се враќа на кусата прозна форма и ни „подарува“ дванаесет нови раскази поделени во шест целини, при што секоја од нив следи една […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна