Хана Корнети објавува книга за деца!

Драги читатели,

Хана Корнети дебитираше пред три години со збирката раскази „Млечни заби“, која помина одлично меѓу Вас, читателите. Утре го објавуваме нејзиниoт нов ракопис кој, интересно, е наменет за младата публика. Имено, „Илина и шумските тролови“ е возбудлива приказна за истоимената хероина, која влегува во свет за кој сме сигурни дека ќе им биде возбудлив и на повозрасните читатели.

Краткото сиже за книгата вели: „Наместо здодевен ден на село, Илина е вовлечена во една голема авантура: шумскиот трол Папрат ја бара нејзината помош за да ги спаси скаменетите пријатели од една лоша вештерка. Но ништо не е баш така како што изгледа во свет каде што гатачките не ја знаат иднината, враните никако да се најадат, на мачорите навидум сѐ им е јасно, а бои и мириси се собираат во теглички“.

Ова е шеста книга во нашата едиција за деца „И ете приказна“, и особено сме горди на неа.

Проверете зошто 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна