
ИЛИ-ИЛИ на „Саем на книга 2025“
Драги читатели,
ИЛИ-ИЛИ на традиционалниот годишен „Саем на книга“ во Скопје се претставува со возбудливи книги. Од минатата до оваа година приредивме дваесетина изданија во различни едиции кои, сигурни сме, ќе го предизвикаат вашето внимание.
Како и секогаш, освен на саемот, истовремено ќе работи и книжарницата со поинакво работно време, од 11 до 19 часот, со пауза од 14.30 до 15.30. Во сабота ќе бидеме отворени од 11 до 15 часот.
Се разбира, доколку не можете да наминате на саем или во дуќан од оправдани причини, секогаш можете да нарачате онлајн на нашата интернет страница.
Ве очекуваме!!!