Излезе новата збирка раскази од Бернхард Шлинк

Почитувани читатели,

со радост Ве информираме дека денеска од печат излегува новата збирка раскази од популарниот германски писател Бернхард Шлинк насловена „Боите на разделбата“, во превод од германски на македонски јазик на Ксенија Чочкова.

Шлинк ни е особено драг бидејќи со неговиот бестселер „Читачот“ ја започнавме нашата издавачка дејност во едицијата „ПРОаЗА“, и по уште седум издадени наслови, еве го и деветтиот од истиот автор, кој се надеваме дека ќе предизвика особено внимание како и претходните книги.

Но, сигурни сме дека ќе биде така, бидејќи ова се раскази во кои Шлинк на мајсторски начин сместува цели животи. И да, сигурни сме дека овој германски автор и понатаму ќе биде најчитаниот писател од преводната литература во нашата издавачка куќа.

Топла препорака 😉

Боите на разделбата

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна