„Нешто трето“ од Максим Ристески, ново во едицијата „ПРОаЗА“

Драги читатели,

со радост Ве информираме дека денес од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. По одличниот прием на дебитантскиот роман „Пештера“, авторот „ни подарува“ раскази во кои подеднакво ќе уживате.

„Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“, вели рецензентката Ана Мартиноска за новата книга на Ристески.

Љубители на добра литература, Вие сте на потег 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна