Нов роман од Симеон Јанков

Нов роман од Симеон Јанков

Почитувани читатели, Ве информираме дека од печат излезе новиот роман од Симеон Јанков насловен „Недостиг“. Ова е негово трето книжевно дело, по романите „Црна шума“ (Ми-Ан, 2019) и „Најосаменото место“ (Или-Или, 2021). Се работи за уште еден интригантен и загадочен роман напишан во негов препознатлив стил, во кој Јанков кокетира со нему омилените жанрови noir-dark […]

Созревање на крајот од историјата со Леа Ипи

Созревање на крајот од историјата со Леа Ипи

Со задоволство Ве информираме дека денес од печат излезе книгата „Слобода“ од Леа Ипи, која постигна завиден успех во изминативе години и беше закитена со еден куп награди. Се работи за моќна мемоарска книга во која се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија. Имено, како млада ученичка Ипи била […]

Престижната награда „Браге“ за Ларс Соби Кристенсен

Престижната награда „Браге“ за Ларс Соби Кристенсен

Од Скандинавија пристигнаа прекрасни вести! Нашиот омилен норвешки писател Ларс Соби Кристенсен деновиве ја доби престижната книжевна награда „Браге“, едно од највисоките признание што може да ги добие еден норвешки автор. Таа се доделува на лице или институција кои со својата работа дале значаен придонес за зголемување на досегот и разбирањето на литературата или за […]

Од 29 ноември во Или-Или!

Од 29 ноември во Или-Или!

Кога Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија, на 4 мај 1980 година починал во Универзитетската клиника во Љубљана во 88-та година од животот, целата земја застанала. Луѓето биле потресени, исплашени, тажни. Починал таткото на социјалистичка, повеќенационална Југославија. Со него завршила цела една ера. Со дистанца од 40 години, германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ напишала интересна […]

Нова збирка раскази од сјајниот раскажувач Пирандело

Нова збирка раскази од сјајниот раскажувач Пирандело

Со радост го најавуваме новиот превод, збирката раскази „Амфора“ од сјајниот италијански раскажувач Луиџи Пирандело. По „Гол живот“, во едицијата „ПРОаЗА“ ни пристигна и „Амфора“, во која световите на рурална Сицилија изгледаат волшебно, погледнати низ книжевното огледало на мајсторот на кратката проза. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова. „Амфора“ е единаесеттата […]

„Ветрилиште“, нов роман од Игор Анѓелков

„Ветрилиште“, нов роман од Игор Анѓелков

Почитувани, со задоволство го најавуваме излегувањето од печат на новиот роман „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков. Се работи за неговиот петти роман, или јубилејната, десетта објавена книга во овие 18 години творештво. Во поговорот од книгата, Оливера Ќорвезироска нагласува: „И покрај бруталната искреност и соголувањето и на текстот и на авторот, Анѓелков успева да ја зачува […]

Второ издание на „Шрапнел“

Второ издание на „Шрапнел“

Драги читатели, со радост Ве информираме дека денес од печат излегува второто издание на романот „Шрапнел“ од Игор Анѓелков. Ова е убава можност за сите оние што го пропуштија и за оние кои во меѓувреме прашуваа за романот-финалист за „Рациновото признание“, да стане дел од нивната домашна библиотека. Пренесуваме дел од реакциите на критичарите и […]

„Граница“, нов превод на книга од Капка Касабова

„Граница“, нов превод на книга од Капка Касабова

Почитувани, со особено задоволство Ве информираме дека утре од печат ќе излезе уште еден превод на книга од Капка Касабова. По одличниот прием на „Кон езерото“, овој пат од англиски на македонски јазик, во превод на Бранислав Мирчевски, ви ја „подаруваме“ книгата „Граница“. Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без […]

„Летен книжевен бран“ од 1 до 20 јули

„Летен книжевен бран“ од 1 до 20 јули

Драги читатели, веќе го живееме долгото и топло лето, како што гласеше насловот на популарната серија од 80-те години на ТВ Скопје. Од 01 до 20 јули Ви нудиме супер летни попусти на сите наши изданија, кои ќе се движат од 20% до 70%. Ве каниме да наминете во дуќан и да ги изберете Вашите […]

Романот на Пармаковска добитник на „Рациновото признание“

Романот на Пармаковска добитник на „Рациновото признание“

Почитувани читатели, жири комисијата во состав Снежана Петрова Џамбазова, претседателка на комисијата, Маја Апостоловска и Јасминка Делова Силјанова, членови, одлучи годинешната награда „Рациново признание за 2024 година“, во конкуренција од 25 пристигнати книги, да ја добие Фросина Пармаковска за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ во издание на „Или-Или“. „Рациновото признание“ на авторката ќе […]

1
    1
    Кошничка
    Лебарка
    1 X 200,00 ден = 200,00 ден