Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2012 |
Број на страници | 102 |
Превод/Препев | превод од француски: Катерина Кировска |
заштеди
90,00 денБања
100,00 ден190,00 ден
Романот на Тусен започнува во еден навидум мирен и обичен ден. И одеднаш, една стрелка од пикадо лета низ воздухот и се забодува во челото на придружничката на нараторот. Се понатаму е чист, детерминиран хаос исполнет со многу хумор.
Има некоја чудна привлечност во стилот и во изразувањето на Тусен. Тие се прецизни, ритмични, течни, како да му се лизгаме низ раце. И на крај тука се настаните, или не-настаните, кои се случуваат во непосредна близина на главниот лик. До тенкост е опишано што се случува на дофатот од раката или од погледот на ликовите, кои се луѓе од обичниот живот – средна висока класа.
Ги гледаме како се муваат, ги слушаме како зборуваат, како се прегрнуваат… ги гледаме кога ќе им се истопорат на гости двајца Полјаци. Одеднаш во рамниот и едноличен живот несреќата со стрелката од пикадо зема форма на распаметувачка катаклизма.
Крајно луцидно и забавно четиво.
Жан Филип Тусен (1957) е роден во Брисел, Белгија, каде и денес живее и работи. Студирал во Париз каде се здобива со диплома по Политички науки и Современа историја. Две години предава во средно училиште во Алжир, каде претходно го отслужувал воениот рок.
Токму таму и го напишал својот прв роман, „Бања“ (1985), кој му носи огромен успех. Оттогаш, благодарение на прочистениот и минималистички стил и на подбивливиот и лекоумен тон кој провејува низ неговите приказни, Тусен зазема значајно место меѓу современите белгиски и европски писатели.
Следат романите „Господин“ (1986), „Фото апарат“ (1988), „Колебање“ (1991), „Телевизор“ (1997) и трилогијата „Автопортрет (во странство)“, „Водење љубов“ и „Бегање“.
Неговите книги се преведени на дваесеттина јазици, а три од нив се и екранизирани.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.