Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2015 |
Број на страници | 248 |
Превод/Препев | превод од англиски: Ацо Пероски |
заштеди
140,00 денИграта на де Ниро
250,00 ден390,00 ден
Играта на Де Ниро е потресен, драматичен и суптилно напишан роман за пријателството, војната, љубовта, смртта и за бегството од сопствената земја која полека исчезнува. За овој дебитантски роман канадскиот писател со либанско потекло, Рави Хаж, во 2008 година ја добива престижната меѓународна награда IMPAC Dublin.
„Книга која плени со своите необични слики во кои се преплетуваат суровата реалност и естетското задоволство. Роман кој ги поседува сите квалитети што се очекуваат од современата книжевност која ги допира важните теми во нашиот денешен свет.“ Literary Review of Canada
„Подеднакво енергична и поетична приказна во склад со бруталноста и нежноста на оваа незаборавна приказна за пријателството и војната, за љубовта и смртта“. Publishers Weekly
Канадскиот писател Рави Хаж е дете на светот. Роден е во Бејрут, а растел во Либан и во Кипар. Во 1984 година се преселува во Њујорк. Конечно, во 1991 година го пронаоѓа својот дом во Монтреал, Канада, каде живее и твори и денес. По таксирањето и експериментирањето со фотографијата, тој конечно се скрасува во книжевноста, покажувајќи дека неговиот несомнен талент долго време чекал да биде откриен. Неговите два романа, ИГРАТА НА ДЕ НИРО (2006) и ЛЕБАРКА (2008) за кратко време постигнаа интернационален успех, ставајќи го Хаж на врвот на листите на омилени писатели кај многу угледни европски и американски интелектуалци. Во 2012 година писателот ја заокружува неформалната трилогија со романот КАРНЕВАЛ.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.