Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2015 |
Број на страници | 262 |
Превод/Препев | превод од англиски: Калина Јанева |
заштеди
140,00 денПоследниот збор
250,00 ден390,00 ден
Во седмиот роман на Ханиф Курејши, младиот биограф Хари Џонсон добива задача да ја напише биографијата на Мамун Азам, великан на постколонијалната книжевност, кој, по смртта на првата жена, живее во Сомерсет со втората сопруга, Италијанката Лијана. На едно поопшто рамниште, романот се занимава со прашањето на улогата на писателот во општеството и начините на кои раскажувањето се користи во создавањето на идентитетот. Извесни критичари го толкуваат делото како „роман со клуч“ за тринидадскиот нобеловец Видија Најпол, кој го поканил биографот Патрик Френч на својот имот во Вилтшир, а делото што произлегло го прикажало авторот како сноб преполн со предрасуди, прељубник и посетител на проститутки.
Од друга страна, пак, Хари како да пројавува извесни карактеристики на самиот Курејши: стравот на биографот дека ако соработката не успее, ќе мора да предава креативно пишување е можеби шега на сопствената сметка на Курејши, кој држел ваков курс на универзитетот „Кингстон“.
„Последниот збор“, покрај главното дејство и можните метафикциски елементи, содржи и подлабоки промислувања за пишувањето, читањето и биорафијата, како и нивната судбина во една можеби посткнижевна култура.
Ханиф Курејши (1945) е британски романсиер, драматург и сценарист со индиско-пакистанско потекло. По преселувањето во Англија, завршува философија во Лондон, паралелно пишува и ја објавува својата прва драма во 1976 година. Во 1985 година го пишува сценариото за филмот „Мојата прекрасна пералница“, кој заработи номинација за Оскар.
Неговиот прв роман, „Буда од преградието“ (1990) ја доби наградата за најдобар дебитантски роман, а подоцна беше екранизиран во ТВ серија на Би-би-си.
Романот „Интимност“ (1998), издаден од ИЛИ-ИЛИ, исто така се најде на филмското платно, и заработи две „мечки“ на Берлиналето. На одличен прием кај македонската читателска публика наиде и романот „Нешто да ти кажам“ (2008), кој го сметаат за еден вид пандан на „Буда“ – и обата романа претставуваат коментар на едно време, само што младешкиот занес на Карим е заменет со помирувањето со средното доба и сиот негов багаж на Џамал.
„Последниот збор“ (2014) е најновиот роман на мајсторот Курејши, како еден вид врв во неговото досегашно творештво.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.