Јана Узунова е родена 1988 година во Скопје. Дипломирала на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата по општа и компаративна книжевност. Во 2019 година го објавува романот „Вергина“.
„Коулун, заробениот град“ е нејзин втор роман.
-
Коулун, заградениот град
380,00 ден„Коулун, заградениот град“ е моќен роман инспириран од вистинскиот Kowloon Walled City во Хонг Конг – легендарен град-лавиринт, симбол на хаосот, преживувањето и човечката издржливост. Во неговите темни ходници се испреплетуваат судбините на незаборавни ликови кои се борат со стравот, вината, љубовта и надежта.
Со густ, сликовит и динамичен стил, авторката создава свет во кој суровоста и нежноста постојат рамо до рамо, а секој простор и предмет носат симболично значење.
Ова е роман за опстанокот, моралниот избор и можноста да се зачува човечноста дури и таму каде што изгледа невозможна.
-
Вергина
100,00 ден„Понекогаш замислувам дека ова е некој мал мексикански град, каде што луѓето се тепаат со тупаници за да предизвикаат дожд“.
Одличен дебитантски роман на Јана Узунова.
Несекојдневно и провокативно!
250,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА

