Прикажани се 2 книги

  • Медеја

    Во фокусот на трагедијата „Медеја“ од Л. А. Сенека се нескротливиот гнев и страдањето што гневот може да го предизвика. Ако со силата на разумот човек не успее да го скроти, гневот како жесток и бесен пламен немилосрдно пустоши и разорува сè пред себе.

    Медеја не може да го скроти разоглавениот гнев што во неа го предизвикува новиот брак на нејзинот љубен сопруг Јасон. За да му се одмазди на Јасон за прељубата, извршува злосторство со кое и самата станува жртва.

    #CreativeEurope4Books

    200,00 ден
  • Вистинска приказна

    „Вистинска приказна“ е едно од најпознатите и најчитани дела на Лукијан од Самосата. Претставува типичен жанровски хибрид во кој се измешани елементи на авантуристички роман, сатира, научна фантастика и пародија. Со врвно јазично и стилско мајсторство и со исклучителна имагинација, Лукијан нè води на возбудливо патување на Месечината, во утробата на еден кит, во подземниот свет, на Островот на блажените и на многу други попатни места, на кое нè запознава со различни вонземни облици на живот.

    „Вистинска приказна“, според многумина, е првиот научно-фантастичен роман во историјата на западната книжевност. Бил книжевна предлошка за многу подоцнежни дела, меѓу кои „Гуливеровите патувања“ од Џонатан Свифт, „Патување на Месечината“ од Сирано де Бержерак, „Mikromégas“ од Волтер, како и за „Патувањето на Пантагруел“ во четвртата книга за Пантагруел на Франсоа Рабле.

     

    „За време на мојот престој на Месечината забележав некои необични и чудни работи за кои сакам овде да раскажам. Прво, таму луѓето не се родени од жени, туку од мажи. Склучуваат бракови со мажи, и зборот „жена“ воопшто не им е познат. До дваесет и петтата година од животот секој има улога на сопруга, а по таа возраст – на сопруг. Децата не ги носат во утробата, туку во ножните листови. Кога ќе се создаде ембрионот, ногата почнува да им набрекнува. Некое време потоа, ја засекуваат и од неа го вадат новороденчето мртво. Го оживуваат така што го оставаат со отворена уста да седи спроти ветер…“

    190,00 ден