Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2016 |
Број на страници | 121 |
Превод/Препев | превод од италијански: Катерина Сотирова |
заштеди
100,00 денБолка од камен
150,00 ден250,00 ден
„Овој кус роман наликува по малку на камен: цврст, навидум мазен, а сепак полн со пукнатини и тајни. Стилот, иако е едноставен и поетичен, сепак е собран, соголен, токму како ѕидовите од гранит на куќите во Сардинија. Раскажувањето се извива како спирала и малку по малку, како случајно, ја открива средишната тема на романот, но и вистината за главниот лик, којшто постојано е во потрага по најважната работа на светот. Но оваа најважна работа, ја нема. Па оттука френетичната желба да се испише поинаква биографија на еден живот, каде што љубовта и страста стануваат центарот на светот“.
Le Monde
“Болка од камен” доживеа триумфален успех во Италија со преку 50.000 продадени примероци, а подеднаков интерес предизвика и во Франција и Германија.
Преведен е на триесет јазици.
Милена Агус е родена во Џенова, а живее во Каљари, каде што предава италијански јазик и историја во гимназија за уметност.
Нејзиниот прв роман „Mentre dorme il pescecane“ (2005) достигна до петтото издание, но пошироката читателска јавност ја запозна токму преку романот „Mal di pietre“ (2007), добитник на наградите: Premio Forte Village, Premio Santa Marinella, Premio Campiello Selezione Giuria dei Letterati, Premio Elsa Morante, финалист за наградата Strega и книга на годината на Fahrenheit за 2007 година.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.