Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2021 |
Број на страници | 147 |
Денот на црвот
290,00 ден
„Денот на црвот е роман што од ред во ред, од страница во страница постојано изненадува. Ракописот на Јованоска изобилува со свежи компарации никаде досега сретнати, ненаметлива духовитост, понекогаш и со одмерена доза сарказам. И без исклучок: проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачки зрелата раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел“.
Јагода Михајловска Георгиева
*Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“
Out of stock
Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.
Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година добива второ место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“.
„Денот на црвот“ е нејзин прв роман и прогласен е за „Роман на годината“ за 2021 година од Фондацијата „Славко Јаневски“.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.