Додека Данте спие

150,00 ден250,00 ден

„Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе“.

Лидија Димковска

„Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција“.

Венко Андоновски

ШИФРА: 111
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

167

Силвија Митевска е родена 1979 г. во Скопје.

Нејзина професионална окупација е акробатското параглајдерство.

За време на престојот во Италија и Израел пишува раскази.

„Додека Данте спие“ е нејзина прва книга.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.