Филозофија на виното

Од (автор)Бела Хамваш

230,00 ден

Во последните денови на војната, на почетокот на 1945 година, Хамваш ќе изгуби сè: бомба ќе го разнесе неговиот дом, библиотеката, ракописите и скиците за неговите следни дела. Во една таква атмосфера, Хамваш ја пишува неговата „Филозофија на виното“ која не претставува очајување над урнатините, туку славење на животот.

Филозофија на виното е апологија на ретките, возвишени моменти на животот, спокојот, играта и ведрината. Тоа е свет на дионисиско, медитеранско опивање; чистата, светкава ведрина на Орфеј; полубудна медитација во пчеларникот во едно августовско попладне, под оревот, пред визбата на камената маса: некои од ретките моменти на Хамвашовата „идила“.

Или, книгата „Филозофија на виното“ го подготвува човекот за славење на Присуството.

ШИФРА: 253
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

85

Превод/Препев

превод од унгарски: Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов

Бела Хамваш (1897-1968) е еден од најголемите метафизички мислители на 20 век со широк опсег на интереси (литература, културна историја, историја на науката, психологија, филозофија и источноазиски јазици). Тој е нонконформист чии естетски погледи беа нападнати од Ѓерѓ Лукач, што резултираше со забрана за публикување на неговите дела по 1947 година (ставен е на Б-листата и принуден да работи како неквалификуван работник).

Негови позначајни дела се: „Кризата на светот“ (1936), „Scientia Sacra I-II“ (1943-44, 1965-68, објавена 1988), „Невидлива приказна“ (есеи, 1943), „Филозофија на виното“ (1945), „Револуција во уметноста“ (1947), „Карневал I-VII“ (роман, цензуриран 1983, целосен 1997), „Unicornis“ (1987), „Патот на предците и патот на боговите“ (есеи).

Поголемиот дел од неговите дела се публикувани постхумно, почнувајќи од 1983 година (пред тоа тие се ширеле во ракописи и самиздат-книги). Во 1990 година постхумно ја добива наградата „Кошут“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.