Крај-пат

Од (автор)Игор Анѓелков

250,00 ден

„По одличното дебитантско остварување од 2006 година, збирката раскази „Кротки приказни“, која наиде на одличен прием кај домашните читатели, Анѓелков реши да влезе и во романсиерските води со својот прв роман со интересен наслов, „КРАЈ-ПАТ“, и поднаслов “off the road приказна”. „КРАЈ-ПАТ“ е изразито ‘подмолна проза’ која не те принудува на ништо, а ти како читател, сепак, правиш се како што таа ќе ти каже! Фрагментарното раскажување се остварува низ одличните ‘филмски резови’ со кои се постигнува ефект на издвојување на несекојдневното за да се исцрта што пореално токму секојдневното. Романот дискретно си преминува од жанр во жанр, од ‘рокенрол проза’ си прескокнува во симболична надреалност, од ‘роман за растењето’ во ‘роман за постоењето’, од прецизно лоцирано скопско предградие во било која точка од Земјината топка. Затоа, „КРАЈ-ПАТ“, во најбуквалната и најбаналната смисла на зборот, не се остава од рацете кога ќе почне да се чита. Вакво меко, тивко, а истовремено моќно портретирање на ликовите со минимални и строго селектирани јазични средства одамна не сме прочитале од домашен автор”.

Оливера Ќорвезироска

Распродадено

ШИФРА: 46
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

155

Игор Анѓелков е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на „Интердисциплинарните студии по новинарство“ на Правниот факултет. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на музиката и филмот. Работел како водител во радијата „Канал 103“ и „Равел“, а во ТВ Телма осма сезона по ред е уредник и водител на филмскиот магазин „Филмополис“.

Својата нулта, самиздат книга насловена „Четири“ ја објави во 1996 година, а потоа следеше приредувањето на колекцијата „Графити“ (Темплум, 2005). „Кротки приказни“ (ИЛИ-ИЛИ, 2006) и официјално е неговата прва збирка со раскази, а „Семафор“ беше преведен и објавен во антологијата на современ македонски расказ во хрватското списание „Књижевна ревија“ бр. 2-3 (2009).

„КРАЈ-ПАТ“ е негов прв роман.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.