Лето во кое те нема

280,00 ден

„Во однос на универзалните книжевни текови, Андоновски со своите романи го носи големиот свет во македонскиот јазик, промислувајќи го естетски релевантно и актуелно. Она што од една страна е врзаност на авторот со поднебјето, од друга страна се претвора во сензитивна мембрана преку која продираат големите нешта во малата книжевност. Андоновски зафаќа теми кои одамна (или никогаш) не се пишувани кај нас. Другоста, траумите, сексуалноста, престапите, осамите… како ореоли на луѓето од секојдневието. Просторот на делата на Андоновски најчесто не е или само делумно е наш, неговите романи речиси секогаш се населуваат или се поврзуваат со далечното, неодреденото… со морето и синиот бескрај и во оваа негова карактеристика се препознава отскокнување од локалното, но само во поетолошко-филозофска смисла. На тој начин, најнашето станува најсветско или обратното – најсветското станува најнаше. Токму во овој спој на нештата е неговата вистинска вредност и посебност во домашната книжевност“.

Оливера Ќорвезироска

ШИФРА: 187
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

114

Петар Андоновски (1987, Куманово) е автор на: „Ментален простор“ (поезија, 2008), ,,Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари“ (роман, 2018, две изданија).

Добитник е на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за романот „Телото во кое треба да се живее“ и на „Европската награда за литература“ за романот „Страв од варвари“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.