Пената на деновите

Од (автор)Борис Вијан

390,00 ден

Шармот на овој роман се должи на исклучителното мајсторство на Вијан да нè воведе во еден свет кој истовремено нè воодушевува, забавува и нè возбудува.

Колин е млад и убав. Ја среќава Клое, која го носи името на неговата омилена џез-тема во изведба на Дјук Елингтон. Тие се вљубуваат, се венчаваат. Но, Клое почнува да кашла. Неговиот пријател Чик, пак, ја заведува Алис, пријателката на Клое. Чик е сиромашен. Поради тоа, Колин му вели да се ожени за да ја оствари среќата. Но, Чик е растргнат од страст посилна од љубовта, страст која го води до делата на Жан-Сол Партр.

Двете паралелни приказни се одвиваат во надреалистична атмосфера, во која ѕидовите се стеснуваат, глувците во бањите си прават лижавчиња од сапун, скршените прозорци се самообновуваат, а дигестивните системи на зајаците им служат на фармацевтите за правeње на експериментални пилули. Незаборавно!

 

„Да се влезе во книжарница и да се купи оваа книга подразбира да се отфрли малограѓанштината“.

Рејмон Кено

„Она што Толкин го постигнал на планот на сликата, Вијан го постигнал на планот на јазикот“.

Никола Бертолино

„Книга по чие читање ќе ви требаат најмалку 24 часа да излезете од неа откако сте ја затвориле“.

едиција „Broché“

Out of stock

ШИФРА: 37
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

290

Превод/Препев

превод од француски: Валентина Новачева

Борис Вијан (1920-1959) е француски писател, музичар, преведувач и актер. Тој е една од најзначајните фигури на француската џез-сцена во 30-те години и еден од клучните француски книжевници на 20 век.

Неговите дела изобилуваат со пародија, црн хумор, бизарност и шокантност. Пишувал поезија, драми, раскази и романи, кои најчесто ги објавувал под псевдоним заради бројните судски процеси за неморал покренати против неговото книжевно творештво.

Критичарите за негови најзначајни дела ги издвојуваат „Ќе ви плукам на гробовите“, „Есен во Пекинг“, „Пената на деновите“ и „Вадисрце“, сите преведени на македонски јазик во издание на ИЛИ-ИЛИ.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.