Пластични раскази

Од (автор)Илија Илов

250,00 ден

„Ова се раскази за еден забеган, изопачен свет, раскази на кои не можаме да им се лутиме за нивната бруталност и тератологија, за нивниот веризам и шок-сликите на телото, затоа што тие говорат за еден – таков свет. Наш свет. Кога само малку овие раскази би се спуштиле од зоната на надреалното, тие би можеле да бидат претставници на еден нео-реализам; нема човек кој би се осмелил да тврди дека реалниот свет во кој живееме е помалку брутален од оној свет во расказите на Илов. Само, во неговите раскази тој е питорескен. Импресионистички до крв, до црвената боја на крвта. Тоа се раскази кои покажуваат дека и под пластиката што станува метафора за нашиот свет – има крв. И дека и таа пластика може да прокрвави. Дека има душа!“

Венко Андоновски

ШИФРА: 165
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

135

Илија Илов е роден на 4 мај 1991 година во Скопје. Во 2013 година дипломирал на филолошкиот факултет „ Блаже Конески“ во Скопје, при катедрата на Македонска книжевност.

Пишувал колумни за електронските портали на „Многоо медија“ и „Фешенел“. Има добиено гранд при на „Тетра“; на Меѓународниот ПЕН, неговата беседа била јавно интерпретирана по повод Светскиот ден на писателите во затвор.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.