Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2014 |
Број на страници | 390 |
Превод/Препев | превод од шведски: Родна Русковска |
заштеди
200,00 денПосетата на дворскиот лекар
150,00 ден350,00 ден
Дејството во романот на Енквист е сместено во 1760-тите, период кога Просветителството го доживува својот врв. Младиот дански крал, Кристијан Седми, е недоквакан. Неговата кралица, англиската принцеза Каролин Матилде, е заљубена во неговиот најдоверлив советник, дворскиот лекар Струнзе. Гулдберг, ладнокрвен религиозен фанатик, е решен да ги поништи просветителските идеи што Струнзе ги воведува во Данска. Тој што ќе издржи до крајот во нивната горчлива идеолошка битка, ќе го контролира не само кралот, туку и државата.
Прељуба, лудило, забодување ножеви во грб и благородничка крв… Енквист брилијантно претставува една драматична ера во данската историја, испреплетувајќи многу историски личности, како Волтер, Дидро, Катерина Велика и Џорџ Трети, во приказна за немилосрдна политичка амбиција и личното предавство.
Пер Улов Енквист е еден од најпознатите шведски писатели на интернационалната книжевна сцена. Тој истовремено пишува и сценарија и работи како новинар. По дипломирањето Историја на книжевноста на Универзитетот во Упсала, Енквист почнува да работи како колумнист и ТВ модератор од 1965 до 1976 година, и станува прилично влијателен на шведската литерарна сцена. 1970-1971 живее и работи во Берлин, а 1973 е визитинг професро на Универзитетот Калифорнија во Л.А. Како независен писател работи од 1977 година.
Зад себе има бројни романи и книжевни награди, но популарноста и надвор од границите на матичната држава ја стекна во 90-те, кога и беше објавен одличниот роман „Посетата на дворскиот лекар“, кој е преведен на 24 јазици, и има освоено неколу престижни литературни награди во Франција, Германија, Италија, Велика Британија и во Шведска, каде што ја доби „Августовата награда“ во 1999 за шведска белетристика.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.