„Чиста анархија“, новата книга на Вуди Ален, се појавува по 25-годишна пауза, но ги содржи истите состојки како и неговите претходни дела, кои веќе стекнаа статус на класици. Збирката содржи осумнаесет кратки раскази и есеи, кои се пишувани помеѓу 2000-та и 2007-та година и од кои десет се претходно објавени во различни списанија, а осум се појавуваат за прв пат.
И критиката и читателите се согласуваат дека Ален успеал да напише книга која, не само што ги одговара најдлабоките прашања на човековата егзистенција, туку и по димензии е совршена за да се стави под која било пократка ногалка од маса или стол за да го спречи непријатното нишање.
„Расказите на Вуди Ален се интересни веќе педесет години. Како и неговите филмови, тие опфаќаат многу различни теми и мотиви, но го задржуваат аголот на гледање на реалноста и специфичниот литературен стил, не попуштајќи пред светот што постојано се менува.”
The New York Times
„Книгата Чиста анархија е напишана со добро познатиот дрзок и невротичен хумор на Вуди Ален, но збогатена е со некоја досега неоткриена густина. Апсурдноста и смеата сî уште суверено владеат во расказите на Ален.”
A. V. Club
„Како можете да не го сакате авторот кој ги спомнува Вилијам Батлер Јејтс и Тројцата глупаци во иста реченица, и кој во своите напливи на инспирација создава ликови како Фландерс Ларва и Е. Коли Бигс? Без оглед дали пишува за уметноста, сексот, храната или криминалот, Ален е неодоливо и експлозивно смешен.”
New York Times Book Review