Вимблдонскиот стадион

100,00 ден190,00 ден

Првенецот на Даниеле дел Џудиче, „Вимблдонскиот стадион“ (1983), е мешавина од стварност и фикција, а во неговото средиште се наоѓа интересен и значаен лик од италијанската книжевна историја на ХХ век, вљубеник во пишаниот збор, уредник, книжевен критичар, пријател на најзнаменитите автори од периодот, но човек кој никогаш не објавил ништо свое.

Младиот неименуван раскажувач во романот поаѓа на патешествие – петнаесетина години по смртта на овој таинствен лик – со цел да ѝ влезе во трага на легендата за него и да го пронајде одговорот на клучното прашање: зошто не пишувал? Неговиот лик никогаш не е директно пренесен на хартија, туку е некаде во заднината, во спомените на оние што го познавале, во анегдотите од родниот град.

Дел од одговорот можеби и самиот навестува во своите приватни списи, објавени постхумно, каде што некогаш забележал: „Сметам дека веќе не може да се пишуваат книги. Затоа не пишувам книги. Речиси сите книги се фусноти надуени во томови. Јас пишувам само фусноти“.

ШИФРА: 83
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

128

Превод/Препев

превод од италијански: Калина Јанева

Даниеле дел Џудиче (1949) е италијански прозаист и универзитетски професор кој е роден во Рим, но живее и предава во Венеција.

Во 1983 го објавува својот прв роман, „Вимблдонскиот стадион“, за кој ја добива наградата „Вјареџо“ за дебитантски наслов, и според кој во 2001 година францускиот режисер Матје Амалрик го снима истоимениот филм.

Две години подоцна излегува „Западен Атлас“ (награда „Бергамо“ во 1986), роман за антрополошките промени што ги предизвикуваат науката и технологијата. Во 1988 го издава „Во музејот во Ремс“. Во 1997 ја објавува култната збирка раскази „Манија“. За романот „Подвижен хоризонт“ во 2009 година се закити со „Европската награда за литература”.

Покрај белетристика, има објавено и бројни есеи за Итало Звево, Примо Леви, Зигмунд Фројд, Томас Бернхарт, Роберт Луис Стивенсон и други.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.