Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2010 |
Број на страници | 771 |
Превод/Препев | превод од англиски: Ацо Пероски |
Волшебникот
690,00 ден
На еден зафрлен грчки остров, младиот Англичанец Николас Ерф се спријателува со еден мистериозен човек и тоа пријателство полека се претвора во кошмар со неочекувани димензии. Реалноста, фантазијата, митологијата и уметноста одеднаш се преплетуваат во низа шокантни и таинствени епизоди и младиот Ерф се претвора во човек кој очајно се бори да го сочува здравиот разум, но и својот живот.
Преполн со симболи, лавиринтска нарација и шокантни изненадувања, „Волшебникот“ е тензичен, провокативен, повеќеслоен и исклучително сложен роман.
Затоа, според мислењето многумина, токму „Волшебникот“ е едно од најдобрите остварувања во современата литература.
Out of stock
Џон Фаулс (1926-2005) важи за еден од великаните на англиската книжевност од втората половина на XX век. Уште со неговиот дебитантски роман „Колекционер“ се закитил со бројни меѓународни признанија, но вистинската слава ја постигнал со неговото најпознато и најкомплексно дело „Волшебникот“.
Делата на Фаулс се исклучително сугестивни и иновативни, со нагласен интерес за психолошкиот, социјалниот и филозофскиот контекст на човековото однесување. Фаулс е автор и на романите „Жената на францускиот поручник“, „Даниел Мартин“, „Магот“, „Мантиса“, како и на збирката раскази „Кула од абонос“.
Уште од неговото прво објавување во 1966 година, романот „Волшебникот“ предизвикал огромен интерес и кај публиката и кај критиката, и денес важи за еден од најмаркантните романи напишани во XX век.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.