Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2011 |
Број на страници | 184 |
Превод/Препев | превод од германски: Ива Фиданчева |
заштеди
150,00 денСлава
150,00 ден300,00 ден
Славата и безличноста, вистината и лагата се провлекуваат низ сите девет епизоди од овој остроумен и смешен роман полн изненадувања што веднаш ќе ве плени, во кој патиштата се вкрстуваат, заплетите се усложнуваат, ликовите стануваат вистински луѓе, а вистинските луѓе се преобразуваат во ликови. Резултатот е едно импресивно виртуозно дело на еден од најдобрите млади автори во Европа.
Деветте приказни се преплетуваат кога еден случајно помешан телефонски број ќе предизвика низа недоразбирања и кражби на идентитетот помеѓу главните ликови, така што нивните животи се преплетуваат во една заедничка, зачудувачка приказна, преполна со иронија, очај и хумор, заради кои ова неповторливо книжевно дело оправдано се споредува со делата на големите автори, како Сартр и Ками.
Даниел Келман е роден во 1975 година во Минхен. Живее во Виена, каде што студирал филозофија и книжевност. Пишува романи, раскази и есеи и добитник е на бројни книжевни награди. Важи за еден од најзначајните млади автори на современата германска литература.
Досега ги има објавено следниве романи: „Времето на Малер“ (1999), „Далечно место“ (2001), „Јас и Камински“ (2003), „Мерење на светот“ (2005) и „Слава“ (2009).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.