(Видео) Медеја – Сенека

(Видео) Медеја – Сенека

Едиција „Арго“ Превод од латински јазик: Светлана Кочовска-Стевовиќ Во фокусот на трагедијата „Медеја“ од Л. А. Сенека се нескротливиот гнев и страдањето што гневот може да го предизвика. Ако со силата на разумот човек не успее да го скроти, гневот како жесток и бесен пламен немилосрдно пустоши и разорува сè пред себе. ИЛИ-ИЛИ, Ваше право […]

„Медеја“ од Сенека на македонски јазик

„Медеја“ од Сенека на македонски јазик

Деновиве од печат излезе преводот на легендарната „Медеја“ од Л.А. Сенека. „Виновник“ за преводот од латински на македонски јазик е Светлана Кочовска Стевовиќ. Книгата е дел од едицијата „Арго“ на ИЛИ-ИЛИ, и содржи поговор од Даниела Тошева. Излегувањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Во фокусот на трагедијата Медеја  се нескротливиот […]

(Видео) Трилогија за непослушноста – Ивана Сајко

(Видео) Трилогија за непослушноста – Ивана Сајко

Едиција „Сцена“ превод од хрватски јазик: Владимир Јанковски Книгата „Трилогија за непослушноста“ од Ивана Сајко ја сочинуваат три драми и еден краток драмски текст. ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА #CreativeEurope4Books

Драмите на Ивана Сајко прв пат на македонски јазик

Драмите на Ивана Сајко прв пат на македонски јазик

Драги читатели, Во едицијата „Сцена“ деновиве излезе книгата „Трилогија за непослушноста“ која содржи три драми од наградуваната хрватска писателка, режисерка и драматург Ивана Сајко, во превод на Владимир Јанковски. Книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Ивана Сајко е една од најпреведуваните современи хрватски авторки, чии драми редовно се поставуваат на европските театарски […]

Интервју со Горан Војновиќ („СМОКВА“)

Интервју со Горан Војновиќ („СМОКВА“)

По преводот на романот „Југославија, моја дежела“ и прекрасната скопска промоција во летото 2016 година, ова лето го издадовме и романот „Смоква“ на Горан Војновиќ. Лидија Димковска ја имаше честа да разговара со наградуваниот словенечки писател за неговиот актуелен роман, но и воопшто, за неговото творештво, загатнувајќи многу интересни теми, меѓу кои и онаа за […]

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Точно по половина година од промоцијата на книгата „Молчи со отворена уста“, вториот роман на Снежана Младеновска Анѓелков, кој во меѓувреме влезе во финалето на наградата “Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“, се потсетуваме на таа прекрасна вечер во МКЦ Клуб ресторанот преку видео запис од настанот. Повеќе за книгата и авторката, на следниот […]

„Европската награда за литература“ за Петар Андоновски

„Европската награда за литература“ за Петар Андоновски

Со задоволство Ве информираме дека македонскиот писател Петар Андоновски е добитник на наградата за литература на Европската унија за 2020 година. Во потесниот избор за наградата влегле 47 автори од 13 европски земји. Досегашни добитници на наградата за литература на ЕУ се Гоце Смилевски во 2010 за делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“,  Лидија Димковска во […]

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

На 08 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на втората есеистичка книга за седмата уметност од Игор Анѓелков, „Филмски град“. Промотори се Стефан Сидовски и Оливера Ќорвезироска. Почеток во 19.30. Повелете 😉

Саем на книга 2018

Саем на книга 2018

Драги читатели, посетете не’ на годинашниот Саем на книгата, имаме вистински книжевни изненадувања за Вас. Погледнете што е НОВО во клипот и изберете го Вашиот фаворит. Ве очекуваме 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна