Петер Надаш е роден 1942 година во Будимпешта. До 1969 година работи како фоторепортер и новинар, а оттогаш е професионален писател. Живее во малото селце Гомбошсег. Член е на Академијата за уметност „Сечењи“ од 1993 година.

Негови позначајни дела се: „Библија“ (1967, раскази), „Крајот на еден семеен роман“ (1977, роман), „Сцена“ (1983, есеи за театарот), „Книга на спомени“ (1986, роман), „Пронајденото ливче и други мешани списи“ (1992, есеи и медитации), „Минотаурус“ (1997, избрани кратки раскази), „Паралелни приказни“ (2005, роман), „Песната на сиренaта“ (драма, 2010), „На фантастично патување“ (есеи, 2011).

Добитник е на повеќе домашни и меѓународни литературни награди, а преведен е на петнаесет европски јазици.

  • Крајот на еден семеен роман

    „Роман кој се развива во концентрички кругови, ги истражува длабочините на еврејското минато, со цел да направи една синтеза од митолошката, историската и политичката стварност. Призмата е на едно дете, Петер Шимон, кое раскажува за врската со деда си и за нивниот живот во времето на комунизмот. Романот завршува со еден збор: Не.“

    New York Times

    „Речиси ништо во романот не е така како што изгледа, а читателот честопати се фаќа како се навраќа назад за да провери дали некоја назнака има врска со нешто што претходно се случило. Надаш бара да се внимава на историскиот контекст, но како да сака да вознемири, да му ги пренесе на читателот емоционалната напнатост и несигурноста на приказната.“

    Vienna Review

    100,00 ден270,00 ден
  • Книга на сеќавања 1 и 2

    Во романот „Книга на сеќавања“ авторот го опишува светот како систем на релации кои ги поврзуваат човечките тела едно со друго. Романот започнува да го пишува во седумдесеттите, работи на него десеттина години во многу опасни услови, дури со замисла дека никогаш нема да биде објавен. Мотото на овој роман е земен од евангелието спорен Јован: „Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Романот е преполн со такви врски, особени и фатални источноевропски јазли во кои секој аспект од личниот живот е заплеткан со идеологијата, и ужасните јавни лаги и предавства повторно се создаваат во микрокосмосот на приватните врски.

    Сузан Сонтаг, романот „Книга на сеќавања“ од Петер Надаш го нарече „најдобриот роман напишан во наше време“.

    Според Хофман, комунистичката Источна Европа ретко е гледана како предмет за рефлексија на Пруст. Романсиерите од овој ден на светот за време на студената војна настојувале системот да им биде главна тема, длабоко загризувајќи во мрачна сатира и бесмислосна алегорија. Но Петер Надаш во „Книга на сеќавања“, остварил еден изворенреден интересен потфат: во романот пренесува една свесност за Социјалистичкиот универзум и го затвора процепот меѓу предвоениот модернизам и Источна Европа. Овој огромен, психолошки комплекс, сензуално напишан роман успешно е поврзан со историската реланост, та поминал неколку години цензурски заборав пред да биде објавен во 1986 година.

    Името на Томас Ман често се доведува во релација со Надаш, како негов предходник на таа романсиерска традиција, која тој ја продолжува и предизвикува. Во секој случај романите на Ман имале големо влијание врз оние на Надаш.

    350,00 ден690,00 ден