Прикажани се 7 книги

  • Мачето Мице

    „Мачето Мице“ од Татјана Гаврилова е книга за деца во која се раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице. Тоа е посебно, единствено маче, полно со енергија, коешто најчесто прави бељи низ домот. За него ни раскажува Ема, девојче кое живее со семејството и која е сопственичка на мачето. Мице постојано го истражува светот околу него, всушност, домот во којшто живее, правејќи безброј палавштини и глупости, но истовремено учејќи вредни лекции за пријателството, храброста и важноста на семејството.

    Книгата содржи десет раскази и секој расказ е нова авантура. Исполнета е со прекрасни, весели илустрации на Јана Борбала Панзов и ангажирани наративи кои се едноставни за следење, и ги привлекуваат децата и младите читатели.

    200,00 ден
  • Илина и шумските тролови

    Наместо здодевен ден на село, Илина е вовлечена во една голема авантура: шумскиот трол Папрат ја бара нејзината помош за да ги спаси скаменетите пријатели од една лоша вештерка. Но ништо не е баш така како што изгледа во свет каде што гатачките не ја знаат иднината, враните никако да се најадат, на мачорите навидум сѐ им е јасно, а бои и мириси се собираат во теглички.

    420,00 ден
  • Вонземјанинот Лу-Ру-Су

    Вонземјанинот Лу-Ру-Су не е обичен вонземјанин. Неговите авантури на планетата Земја ќе им се допаднат и на децата и на возрасните.

    Ова е совршено забавна книга која крие многу тајни и вистини, надополнети со одличните цртежи на Наталија Лукомска.

    250,00 ден
  • Приказни од облаци

    Откако ИЛИ-ИЛИ имаше одлична соработка со унгарската писателка Кристина Тот на полето на прозата, издавајќи ги збирката раскази „Пиксел“ (2013) и романот „Аквариум“ (2016), овој пат на радост на најмладите читатели, на македонски јазик излегува нејзината популарна книга за деца, која наиде на одличен прием во матичната земја.

    Изданието е збогатено со цртежите на илустраторот Бибор Тимко, а издадено е со поддршка на ЕУ како дел од програмата „Креативна Европа“.

    #CreativeEurope4Books

    390,00 ден
  • Свадби на животни и нешта

    Драги читатели (кхм-кхм, се закашлувам), ги направивме овие измислици и чкртаници во неколку есенски вечери минатата година, кога Раја немаше уште навршени 6, а јас веќе бев 7 пати на нејзините години плус уште 3. Седевме пред прозорецот, се стемнуваше и таа ми рече дека може да ги чуе предметите во собата како си зборуваат.

    Прозорецот со вазната, книгите во библиотеката помеѓу итн. Почнавме да слушаме кој со кого си зборува и што точно. Потоа, таа предложи (идејата е нејзина, признавам) да им направам свадби. Што ли ќе се случи ако некакви предмети во собата се земат. Како, како… каучот и крокодилот, на пример. Да, имаме еден огромен крокодил што обично лежи на каучот. Кадифен крокодил, заборавив да кажам.

    И така тргна работата.

    250,00 ден
  • Кртот Ѕвездан

    Прекрасна поема на Николина Андова-Шопова, надградена со цртежите на Наталија Лукомска.

    Вистинска уживанција за најмладите!

    „Ноќта кртот Ѕвездан штом се роди
    под земјата почна оро да се води.
    Се пиеше, се пееше гласно до сабајле
    и никој од полиција немаше гајле!“

    250,00 ден
  • Арно ама

    „Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат.

    Делото третира прашања и проблеми со кои денешните деца навистина се соочуваат, како: убави но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, негрижа на некои луѓе за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост и слично. Таквите проблемите со кои се соочуваат децата се прикажани низ реалистично раскажување, што повремено е испреплетено и со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација.

    Книгата е надополнета со одличните, сугестивни цртежи на Владимир Лукаш.

    299,00 ден