Прикажани се 3 книги

  • На враќање

    „Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно и деликатно раскажување на приказната. Нема сомнение дека Фросина го има и едното и другото во овој нов, возбудлив спој на конкретното и универзалното, на судбинското и рационалното, на патувањето и враќањето во домот“.

    Елизабета Баковска

    350,00 ден
  • Одбројување

    Токму во тој темен агол од собата каде што си постојав уште малку откако овие двете заминаа, ми се крена една огромна завеса, како простум да сонувам, и пред мене се појави цела сцена. На неа имаше полн декор, предмети испорасфрлани навидум безредно, кои беше тешко да се идентификуваат, наликуваа на темни партали во купишта оставени кај се нашле, а на средината на таквото необично окружување стоеше мојот маж замислен. Тој не ги гледаше парталите околу себе, но тие се кренаа, се движеа, веќе земаа и форми како сеништа кои кружеа околу него во поголем радиус, а тој сѐ уште не ги гледаше, не ги слушаше ниту кога се приближија сосем блиску до него, а испуштаа звуци на ветер и продолжуваа да кружат околу него сѐ додека едно по едно, а ги имаше повеќе од стотина, не влегоа во него и така исчезнуваа, во него, сѐ до последното кога тој седна омалаксан на празната сцена и заспа сосе многуте посетители во себе или, којзнае, можеби тие не спиеја.

     

    *Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2017 година

    299,00 ден
  • Вишнова хроника

    Ми даде да го допирам местото кај што најверојатно беше бебето, мојата рака врз стомакот кај што е бебето и врз мојата рака раката на Тинка, неверојатно, тогаш, таму под мекото зимско џемперче на Тинка почувствував живот, никакви движења немаше, ама почувствував дека има живот и дека тој може да е убав. Дека има време додека да се случи тоа, но дека, сепак, може да се случи. Тинка ме бакнуваше во челото и во косата, како јас да ù бев бебето што ќе се роди, а пред да замине, попатно и сосем без никаква намера, ме праша што биднало со онаа девојка од детството, девојката што ме опседнувала, дали сум исконтактирал со неа или дали можеби сум ја видел некогаш пак. Тогаш за миг за мене застана сè, тогаш кога Тинка го кажа тоа, за мене исчезна сè, и тогаш пред мене се појави цел еден нов хоризонт, нова можност, нова претпоставка за живот, за нов живот, или за живот одново, повторно. Тогаш ја видов шансата дека можеби ќе преболам сè што се случи, дека има шанси повторно да живеам, ама среќен, не колку да го протуркам денот, да имам насади, нека се и помалку за почеток, полни со вишни и куќичка кај што ќе трчкаат деца. Тогаш, во тие неколку секунди, ја видов мојата порта кон животот. Ана. Морам да ја најдам, решив.

    250,00 ден