Прикажани се 2 книги

  • Гранична состојба

    „Песните од новата стихозбирка на Лидија Димковска се директен одговор на горливите прашања кои ги поставува актуелниот миг, и кои се поврзани со егзистенцијалните тегобности, личното и колективното сеќавање, односот на историјата и сегашноста, мигрантството, засилувањето на ксенофобијата, исчезнувањето на хуманоста и солидарноста, неизвесностите на постоењето – сето она што ни го донесе почетокот на векот, или што ние му го донесовме на овој век, од кој истрошивме дваесет и една година. Тие се песни на храброст и непомирливост, на искреност и на бескомпромисност, квалитети кои отсекогаш биле карактеристики на поетиката на Димковска. Од друга страна, наспроти овие одлики-константи, тоа е поетика која низ годините, од првообјавата „Рожби“ пред скоро три децении, па сè до денес, постојано се метаморфозира и развива, и сега е дојдена до степен на потполна отвореност кон фактографското, кон наративното, кон промислување на суштествувањето низ поетското создавање. Согледана во таа развојна низа, „Гранична состојба“ претставува една од кулминативните точки во творечкиот опус на Димковска“.

    Гоце Смилевски

     

    *Стихозбирката е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП 2021 година

    100,00 ден200,00 ден
  • НО-УИ

    „Чудесна проза! Еве ја одново одличната Лидија Димковска чие око вешто ги пронаоѓа како големи и ги става во преден план малите човечки судбини кои потресно ја ткаат возбудливата таписерија на животот. Во цврста структура што им се спротивставува на бурните историски настани и премрежија, колку далечни, толку и сегашни, приказната на една баба и една внука, лоцирана низ повеќе десетлетија со шарм на спокојна едноставност и со моќ на судбинска неминовност, во оваа проза го добива заслужениот химничен призвук“.

    Оливера Николова

    „Но-Уи е првиот вистински винтиџ роман во високата прозна мода во македонската книжевност. Љубов – втемелена во броени зборови во телеграма. Стоп. Јазик – поробен од молк. Стоп. Заборавен од преголемо сакање. Стоп. Низ речениците се војва девојка која плаче по споменик како по момче; жена која со венчаница во куфер оди на крајот на светот по маж; баба која пие две мориња, Јадранското и Тиренското, налеани во очите на дедото на нејзиниот живот и на нејзината смрт. И сето тоа, „за инает“ и на книжевноста и на модата на големите светски јазици“.

    Оливера Ќорвезироска

    200,00 ден300,00 ден