Арно ама

200,00 ден299,00 ден

„Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат.

Делото третира прашања и проблеми со кои денешните деца навистина се соочуваат, како: убави но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, негрижа на некои луѓе за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост и слично. Таквите проблемите со кои се соочуваат децата се прикажани низ реалистично раскажување, што повремено е испреплетено и со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација.

Книгата е надополнета со одличните, сугестивни цртежи на Владимир Лукаш.

ШИФРА: 276
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

120

Превод/Препев

/

Калина Малеска (1975) е писателка и професорка по книжевност.

Авторка е на следниве книги: збирките раскази „Недоразбирања“ (1998), „Именување на инсектот“ (2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (2016); романите „Бруно и боите“ (2006) и „Призраци со срмени нишки“ (2014), драмата „Случка меѓу настани“ (2010) и книжевната студија „Transformation of the Discourse of Power in Literature“ (2016). Нејзини раскази и книжевно-истражувачки текстови се објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство, а расказот „Поинаков вид оружје“ е дел од антологијата „Best European Fiction 2018“.

Искуствата од нејзиното детство и секојдневната комуникација со деца во сегашноста се инспирација за оваа нејзина прва збирка раскази за деца „Арно ама“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.