До последниот здив

Од (автор)Ане Сверд

200,00 ден390,00 ден

Ло има безбедно детство, ја пазат и ја чуваат, но сè се менува кога ќе наполни шест години и ќе запознае нов пријател. Лукаш има тринаесет години, а семејството на Ло е загрижено за неговото пријателство со толку младо девојче. Двајцата се принудени да се среќаваат во тајност и спијат еден до друг до езерото секое лето. За нејзиниот петнаесетти роденден, Лукаш ќе ја однесе Ло во забавниот парк „Тиволи“ во Копенхаген. Со сетила затапени од танцување, од пиење и од разни светла, таа заспива рано. Кога ќе се разбуди, сфаќа дека засекогаш им се сменети животите и пријателството.

 

„Ова е еден од поинтензивно напишаните романи, кој провоцира на размислување. Одамна немам сретнато таков“.

Свенска дагбладет

„Овој роман за преминување во светот на возрасните ги содржи сите вообичаени состојки – сексот, смртта, изгубеното детство – но посебен е поради страсната и испреплетена нарација, која е богата и јасна“.

Стефани Крос, Дејли мејл

ШИФРА: 119
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

335

Превод/Препев

превод од шведски: Родна Русковска

Ане Сверд (1969) е шведска писателка која дебитираше како романсиерка во 2003 година со „Арктичко лето“, роман за кој доби номинација за ценетата награда „Аугуст“, по што беше преведен на неколку јазици (германски, холандски и полски).

Вториот роман, „Жив песок“ (2006) беше номиниран за литературната награда на списанието „Ви“ и награден со првата стипендија на Меморијалниот фонд на Маре Кандре.

„До последниот здив“ (2010) е нејзин трет роман, добитник на наградата „Букцирклар“ за роман на годината, и досега е преведен на шеснаесет јазици.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.