Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2014 |
Број на страници | 241 |
Превод/Препев | превод од француски: Филип Илиев |
заштеди
150,00 денЕдно лето од љубов и пепел
100,00 ден250,00 ден
„Едно лето од љубов и пепел” е приказна за Ема, млада Квебекјанка, која ги придружува своите родители на северот на Индија, посетувајќи ја тибетската заедница во прогонство, собрана околу Далај Лама. Во судир со разните култури, области и обичаи кои ја распаметуваат, таа се вљубува во Тензин, момче кое е малку повозрасно од неа, сирак од Тибетското детско село.
Ема и Тензин немаат заеднички јазик освен оној универзалниот, јазикот на чувствата, на сочувството и на откривањето на интимноста. Но, зар во тишината, отаде зборовите, не се раѓаат најголемите љубовни приказни?
Алина Апостолска е родена 1961 година во Скопје. Најголем дел од животот го поминала во Париз, а од 1998 година живее во Монтреал, Канада.
Историчарка по образование, таа работи како новинар во доменот на културата, но исто така и како издавач, предавач и организатор на настани.
Има објавено околу триесетина книги за млади и возрасни. За овој роман е наградена со престижната книжевна награда на гувернерот на Канада.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.