Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут

Од (автор)Дејвид Мичел

590,00 ден

Јапонија, 1799 година. Најмистериозното и најзатвореното царство на Далечниот исток е поврзано со остатокот од светот само преку едно мало пристаниште, вештачкиот остров Деџима, кое служи за трговија со тогашната најмоќна колонијална сила – Холандија. Користејќи го овој историски контекст и преземајќи за основа вистински настани и личности, Дејвид Мичел во овој прекрасен роман стрпливо и вешто ја гради ја незаборавната приказна за младиот холандски писар Јакоб де Зут, кој доаѓа во Јапонија за да стекне големо богатство, но наместо тоа ќе го изгуби срцето.

„Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ е најзрелиот и најуспешниот роман на Дејвид Мичел, со кој авторот само ја потврди својата светска слава стекната со брилијантното дело „Атлас на облаците“. Во него се преплетуваат љубовна приказна, елементи на авантуристички роман, политички трилер и ориентална мистика, обединети во прекрасно напишана проза која го остава читателот без здив. Мичел вешто ги допира темите кои се типични за целиот негов опус – страста и моќта, честа и предавството, корумпираното општество, власта над другите луѓе и идејата за бесмртноста – а внимателните читатели ќе откријат и неколку ликови и детали кои можеме да ги пронајдеме и во „Атлас на облаците“.

ШИФРА: 117
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

588

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Дејвид Мичел е еден од највпечатливите „нови гласови“ во современата британска книжевност. Роден е во 1969 година во Англија, а живеел во Италија, Јапонија и Ирска.

Автор е на пет романи и добитник на голем број меѓународни литературни признанија. Книжевната критика особено ги издвојува неговите романи „број9сон“ (2001), „Атлас на облаците“ (ИЛИ-ИЛИ, 2004) и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ (2010) како исклучителни книжевни дела кои се одликуваат со стилска, тематска и естетска впечатливост.

Засега последниот роман на Мичел, „Коскени часовници“, беше објавен кон крајот на минатата, 2014 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.