Институт за регулирање на времето

250,00 ден480,00 ден

Романот „Институт за регулирање на времето“ на специфичен начин го проблематизира современиот турски идентитет, којшто повеќе го задржува одошто го отстранува „османлиското“ во себе, и се смета за книжевно ремек-дело на иронијата и сатирата на турското општество на преминот од Империја во Република. Според критичарот Ердаг Ѓокнар, „Иститут за регулирање на времето“ е редуктивна перцепција на Турција како нација, приклештена меѓу Истокот и Западот, односно на нејзиниот постепен премин од едната кон другата насока, и според која разбирањето на Турција на утрешнината лежи во разбирањето на нејзиното неодамнешно Османлиско минато. Романот маестрално и иронично ја опишува состојбата на бирократскиот фетишизам, преку една непродуктивна организација (Институт) која на крајот пропаѓа, но ќе продолжи да живее преку „постојаната комисија за надзор“ на чело со еден од главните јунаци – Халит Регулаторот. Читателот, без оглед на претерано карикираните ликови и апсурдниот тек на настаните, ќе се смее до солзи кога ќе ги чита вистините за своето општество, за кога ќе заврши со читањето, на лицето да му остане горчлива и тажна насмевка.

ШИФРА: 64
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

383

Превод/Препев

превод од турски: Ѓулнихал Исмаил

Ахмет Хамди Танпинар (1901 – 1962) е еден од најистакнатите современи романсиери и есеисти во турската литература. Тој беше и пратеник во турското собрание во периодот од 1942 до 1946 г. Факултетот за книжевност го завршува во Истанбул, каде што преку својот професор, познатиот поет Јахја Кемал (роден во Скопје) влегува во книжевните кругови. Работел како професор по книжевност во гимназиите во Истанбул, Анкара и Ерзурум, а од 1933 г. работи како професор по историја на уметност на Академијата за ликовни уметности во Истанбул, каде подоцна предава естетика и митологија, и каде што останува се со до својата смрт. Негови најпознати дела се: „Сништата на Абдулах ефенди“ (1942, збирка раскази), „Пет градови“ (1945, есеи), „Спокој“ (1949, роман), „Институт за регулирање на времето“ (1961, роман). Посмртно се објавени делата „Зад сцената“ (1973, роман), „Жена на месечина“ (1987, роман) и „Меѓу два огна“ (1999, сценарио).

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.