Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2015 |
Број на страници | 255 |
Превод/Препев | превод од унгарски: Златко Панзов |
заштеди
149,00 денМалечката Лили
150,00 ден299,00 ден
Главната хероина на овој возбудлив роман на Оршоја Крафиат е триесетгодишната Лиа. Нејзината приказна се одвива по линиите на нејзините две бурни врски: љубовта кон некогашната професорка од гимназија, Мари, ја открива преку огледалото на својата врска со подоцнежната шефица – некогаш маѓепсувачката, но на моменти и бескрајно грубата и нечувствителна Лили.
Дали Лиа ќе успее да излезе од магичниот круг, поради кој е способна да размислува само во категориите на душевната хиерархија, замислувајќи каква било врска само во зависност од неа?
Дали ќе научи да каже „не” и дали конечно ќе се прифати себеси?
Оршоја Карафиат (1976, Будимпешта) е поетеса, писателка, преведувач и публицист. Студирала естонски јазик и библиотекарство на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, подоцна дипломирала и унгарски јазик и книжевност.
До 2005 година работи во библиотеката на музејот „Лудвиг” во Будимпешта, каде што организира и разни културни настани. Нејзините публикации редовно се објавуваат во „litera.hu“, во унгарското издание на „Elle“ и во „Magyar Narancs“.
Позначајни дела: „Тајната песна на Лоте Ленија“ (песни, 1999), „Café X“ (песни, 2004), „Мафија-клубот“ (роман, 2008), „Циганска карта“ (песни, 2009), „Малечката Лили“ (роман, 2012), „Домашното милениче“ (роман, 2013) и „Живее“ (песни, 2015).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.