Приказната започнува од случајно откриенот гроб на жена по име Марина Шафров, на кој стои дека била обезглавена во 1942 година. Ова ја поттикнува авторката да истражи која била таа и зошто нејзината приказна е заборавена.
Романот ја реконструира животната приказна на Марина – млада Русинка во егзил во Белгија за време на Втората светска војна, која извршува напад врз германски окупатор и потоа самата се пријавува, по што е осудена и погубена по наредба на Адолф Хитлер.Покрај историската линија, делото паралелно ги спојува минатото (1942) и сегашноста (2022), истражувајќи теми како: заборавените женски херои во историјата,идентитетот и жртвата,положбата на жените низ времето.
Романот е комбинација од биографија, фикција и лична рефлексија, со цел да се „оживее“ една неправедно заборавена жена и да се постави прашањето зошто некои херојства исчезнуваат од колективната меморија.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА









