Одбивам

Од (автор)Пер Петешон

200,00 ден350,00 ден

„Има добри причини за тоа што Пер Петешон стана интернационална литературна ѕвезда. Убав и тажен, сочувствителен и незапирлив текст, кој го потврдува статусот на Петешон на еден од најдобрите современи раскажувачи. Во сигурната и голема убавина на јазикот се наоѓа завет за смирување, кој очајот и тагата во животот на главните личности ги прави уште потешко подносливи за нас како читатели.“.

Тругве Рисер Гундерсен, DAGBLADET

„Петешон отвора рани и покажува како човек е осуден да избира, цело време, и колку болно може да биде тоа. Но исто така покажува и колку едноставно тоа може да даде слобода и нови можности. Тоа го прави на еден непретенциозен, емпатичен, но и силен начин“.

Маргун Викингстад, DAG OG TID

„Исклучително добро компонирано дело со сигурен стил. Најголемата сила на Петешон како писател е способноста да им даде литературна форма и глас на вообичаените човечки искуства. Место да се закопува во психологијата на исклучоците, тој го опишува емотивниот живот на обичниот човек на еден природен и уверлив начин“.

Фроде Хелмих Педерсен, BERGENS TIDENDE

ШИФРА: 120
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

270

Превод/Препев

превод од норвешки: Искра Бадева

Пер Петешон е роден во Осло во 1952 г. во работничко семејство. Од осумнаесетгодишна возраст сакал да стане писател, но многу години не се ни осмелувал да се обиде затоа што бил сигурен дека нема да успее. Работел како книжар и преведувач.

Неговата прва книга „Пепел во устата, песок во чевлите“ ја објавил во 1987 г. на 35-годишна возраст, 17 години откако сфатил дека сака да биде писател. Оваа книга била прогласена за едно од најсензационалните деби изданија на деценијата во Норвешка.

Следат уште неколку романи, меѓу кои најголемо внимание кај критичарите и читателите предизвикаа „Одиме да крадеме коњи“, „Ја проколнувам реката на времето“ (ИЛИ-ИЛИ, 2011), „Во трагата на бродот“ (ИЛИ-ИЛИ, 2012), и секако, „Одбивам“, роман кој ја доби „Наградата на книжарите” во 2012 година.

Петешон е добитник и на повеќе литературни награди, меѓу кои и оние на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“, наградата на норвешките критичари, како и на признанија од New York Times и Time Magazine.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.