Природен роман

330,00 ден

„Природен роман“ излегува во 1999 година, по освојувањето на наградата на националниот конкурс за најдобар ракопис на модерен бугарски роман. Во меѓувреме тој стана еден од најпопуларните бугарски романи, високо ценети од литературната критика и преведен на дваесетина светски јазици, а во 2014 година влезе на листата на 20 најдобри источноевропски романи во 20 век на „Library thing“.

ШИФРА: 163
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

158

Превод/Препев

превод од бугарски: Никола Маџиров

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од триесетина светски јазици. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии за неговите дела излегоа во New Yorker, NY Times, Village Voice…

Неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (ИЛИ-ИЛИ, 2015), беше финалист на неколку европски и светски награди, меѓу кои: Premio Strega Europeo, Haus der Kulturen der Welt, Brücke Berlin Preis…

„И сè стана месечина“ (ИЛИ-ИЛИ, 2017) е збирка раскази која исто така ги воодушеви читателите, а „Природен роман“, по првото издание на македонски јазик (Темплум, 2003), повторно ќе се обиде да го најде своето вистинско место меѓу љубителите на пишаниот збор кај нас.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.