Шепотот на Данте

150,00 ден200,00 ден

„Расказите во „Шепотот на Данте“, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази „Додека Данте спие“ што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“, Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка“.

Драги Михајловски

ШИФРА: 160
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

96

Силвија Митевска е магистер по човекови права и политички науки и е претседателка на невладината организација ТАКТ, Скопје.

„Шепотот на Данте“ е нејзина втора збирка раскази, по првенецот „Додека Данте спие“ (Или-Или 2015) која е преведена и издадена на италијански јазик во 2017-та година.

Со расказот „Сонот на Лучија“ ја освои специјалната награда „Slow food Terra Madre“ на националниот конкурс „Lingua Madre“ во Италија.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.