Три дена во Париз

250,00 ден

„Збирката раскази сведочи дека Крстески „има око“, односно поседува сликарски талент, што е очигледно од неговите изложби, а во книгата и од оптичкиот квалитет на неговите секојдневни глетки. Ова е прва раскажувачка книга на Крстески, но по нејзиното прочитување, недвојбениот впечаток е дека авторот додека ја создавал имал голема глад за пишување. Јунаците на неговите раскази умеат да ги видат и да ги опишат видливите, но и потскриените нијанси на надворешното и внатрешното живеење. Неговата проза има животен ритам. Книгата раскази „Три дена во Париз“ на Емил Крстески ќе ги привлече читателите кои се духовити, човечни и противници на приватните и општествените репресии. Уживајте!“

Александар Прокопиев

ШИФРА: 149
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

137

Емил Крстески е новинар, прозаист, доктор на политички науки и сликар. Тој извесен период живее во Лондон, Стразбур и Њујорк.

Досега има објавено шест книги од областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Уште од гимназиски денови објавува поезија и проза во наши дневни и неделни весници и списанија.

„Три дена во Париз“ е негова прва книга раскази.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.