Вишнова хроника

250,00 ден

Ми даде да го допирам местото кај што најверојатно беше бебето, мојата рака врз стомакот кај што е бебето и врз мојата рака раката на Тинка, неверојатно, тогаш, таму под мекото зимско џемперче на Тинка почувствував живот, никакви движења немаше, ама почувствував дека има живот и дека тој може да е убав. Дека има време додека да се случи тоа, но дека, сепак, може да се случи. Тинка ме бакнуваше во челото и во косата, како јас да ù бев бебето што ќе се роди, а пред да замине, попатно и сосем без никаква намера, ме праша што биднало со онаа девојка од детството, девојката што ме опседнувала, дали сум исконтактирал со неа или дали можеби сум ја видел некогаш пак. Тогаш за миг за мене застана сè, тогаш кога Тинка го кажа тоа, за мене исчезна сè, и тогаш пред мене се појави цел еден нов хоризонт, нова можност, нова претпоставка за живот, за нов живот, или за живот одново, повторно. Тогаш ја видов шансата дека можеби ќе преболам сè што се случи, дека има шанси повторно да живеам, ама среќен, не колку да го протуркам денот, да имам насади, нека се и помалку за почеток, полни со вишни и куќичка кај што ќе трчкаат деца. Тогаш, во тие неколку секунди, ја видов мојата порта кон животот. Ана. Морам да ја најдам, решив.

Out of stock

ШИФРА: 95
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

228

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура).

„Вишнова хроника“ е нејзин втор роман.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.