Совршен поетски пакет за ова лето!
1.370,00 ден
Од 21 јули до 2 август ќе бидете во можност да ја имате речиси целата наша едиција „Поеза“ (без стихозбирките кои се распродадени), односно 11 книги за само 1370 денари! Реалната вредност на книгите е 3120 денари, што значи, добивате летен попуст од 56% 😉
Во овој вреден поетски пакет се вклучени: капиталното издание со над 700 страници на собраната поезија на Игор Исаковски – поетот на бескомпромисноста, искреноста и слободата; поезијата на светски реномираниот Георги Господинов, во препев на Никола Маџиров; поетските книги, добитнички на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата од Лидија Димковска и Зоран Анчевски; уникатниот поетски глас од Словенија на Алеш Мустар; поетскиот номад од Швајцарија – Никола Бувје; безвременските рубаии на персискиот мислител, поет и научник Омер Хајјам; стиховите исполнети со живот и страст на Александар Русјаков; бескомпромисните пoетски приказни на Цветанка Колева; како и двете поетски книги – поетското наследство на незаборавната Горана Митровиќ.
Стихозбирките поединечно можете да ги разгледате подолу, во следната рубрика „Можеби ќе ви се допадне и…“.
Ве очекуваме 😉

КРЕАТИВНА ЕВРОПА














