Бегства од љубовта

350,00 ден

По големиот успех со романот „Читачот”, Бернхард Шлинк со збирката раскази „Бегства од љубовта” го потврдува водечкото место ма актуелната германска книжевна сцена. Шлинк е брилијантен раскажувач кој приказната ја води со јасност и трезвеност се’ до самиот крај. Овој крај е консенквентен и секогаш изненадувачки.

Различните состојби во љубовта, бегството од љубовниот копнеж или неговото потиснување, скриената или откриената љубов, бесперспективната моќ на навиките, Шлинк ги опсервира како прецизен набљудувач, фрлајќи поглед и зад фасадата. Толку богати со различности како во вистинското секојдневие, јунаците на неговите приказни откриваат колку љубовниот копнеж може да биде судбоносен.

Седумте раскази во оваа збирка се истовремено прикази од големиот град, како средиште на емотивното, социјалното, културното битисување на современиот човек, и приказ за изгубената генерација, која постојано се сопнува од товарот на своето минато.

Out of stock

ШИФРА: 8
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2006

Број на страници

250

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Бернхард Шлинк е роден 1944 година во Билефелд, Германија. Живеел паралелно во Бон и Берлин, работејќи како адвокат. Својот прв, криминалистички роман, „Самоказнување”, го издава во соработка со Валтер Поп. Следат наградуваните „Гордиевата врвка” и „Самоизмама”, со што ја заокружува трилогијата “криминалистички приказни”.

Прекрасниот роман „Читачот” од 1995 година ги добива двете национални и неколку интернационални награди, по што, во 2000-та, ја објавува колекцијата на кратки приказни „Бегства од љубовта”, книга која ја зацврстува неговата позиција на еден од најдобрите современи европски книжевни раскажувачи.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.