Ѓорѓиќ се враќа

399,00 ден

„По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.

Горан Војновиќ во интервјуто за „Букла“

ШИФРА: 220
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

277

Година на издавање

2023

Превод/Препев

превод од словенечки: Давор Стојановски

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: „Јужњаци, марш!“ (2008), „Југославија, моја дежела“ (2012), „Смоква“ (2016) и „Ѓорѓиќ се враќа“ (2021). Тој е трикратен добитник на престижната „Кресникова награда“ и на повеќе меѓународни книжевни признанија, меѓу кои и наградата „Ангелус“ за 2020 година.