Грбот на мажот

Од (автор)Аријан Лека

399,00 ден

Одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.

„Не телефонски повици. Не албански. Не средби. Особено со Албанци. Ги избегнувавме сите, како да се срамевме, иако немавме ништо погрешено, иако тие немаа направено ништо срамно. Но, ни се чинеше дека ќе нѐ помешаат со тие кои дошле случајно и за парче леб. Ние не. Ние се подготвивме. Ние почнавме да учиме италијански. Го следевме РАИ.  Радиото и телевизиските емисии. Не бевме дојдени само за леб, како тие. Дојдовме за парковите, музеите, за „пјаците“ и за италијанскиот, јазикот што го пишувавме скришум, но никогаш не го зборувавме толку гласно колку што посакувавме. Секако дека еден ден ќе седевме и со нив. Но, сакавме да си дадеме време. За да се прилагодиме. Ти не. Тебе те поттикнавме да се зближиш со децата што играа во паркот до нашиот дом. Кажи го само името. Само името. Алберт! Алберто. Ти порачавме. Толку. Тоа беше сѐ. Имавме слушнато дека во Грција емигрантите морале да ги менуваат имињата. Илир станал Илиа. Кај нас не. Те учевме да кажеш дека се викаш Алберто. Со „о“. Алберто, не Алберт. „Нека игра со децата“, рече жена ми. „Го учи јазикот. Не заборавај! Не албански. Слушај, зборувај. Зборувај, слушај. Но не на албански. За нас можеби не, но за него ова место ќе биде татковина“, велеше жена ми.

ШИФРА: 219
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

287

Година на издавање

2023

Превод/Препев

превод на албански јазик: Крешник Ајдини

Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо.

Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски.

Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.