Изворите на сепството

Од (автор)Чарлс Тејлор

350,00 ден630,00 ден

„За академската читателска публика, Чарлс Тејлор е еден од најзначајните филозофи на нашето време.“

Contemporary Sociology

„Во последниве неколку децении, Изворите на сепството несомнено е едно од најзначајните дела од областа на филозофијата на моралот и историјата на идеите… Неверојатно длабоко и продуховено истражување на модерниот идентитет.“

Times Literary Supplement

„Ова големо дело претставува сложен и добро изведен спој на историски и теориски пристап кон двете најважни теми во современата филозофија – моралот и идентитетот… Ретки се книгите кои истовремено нудат толку широк опсег во истражувањето и толку храбри и важни заклучоци.“

New York Review of Books

 

„Национализмот неизбежно опфаќа извесни нарации, често измислени, фантастични и анахрони, понекогаш приближувајќи се до мистификација, при што крајно произволни политички конструкции се обвиваат со ореол на лажна древност. Но, за да има идентитет, нацијата на еден или на друг начин бара и развива одредена слика на својата историја, генеза и развој – на своите страдања и своите достигнувања. Овие приказни нè опфаќаат целосно и образуваат слики за нас и за нашето минато – и тоа повеќе отколку што обично сме свесни. Тоа е крајно важен вид на експресивно обликување на нашиот свет.“

ШИФРА: 256
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

224

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Чарлс Тејлор (5.11.1931) е пензиониран професор по филозофија на Универзитетот „МекГил“ во Монтреал, Канада. Тој е почитуван од страна на филозфската и научната заедница поради неговиот голем придонес во областа на политичката филозофија, филозофијата на социјална наука и историјата на филозофијата.

Негови најпознати дела се „Sources of the self: The Making of Modern identity“ (1989), „A secular age“ (2007) и „The malaise of modernity“, за која во 2007-та ја добива престижната награда „Templeton“, на македонски јазик во издание на ИЛИ-ИЛИ.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.