Јета

280,00 ден

„Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија и денешна Македонија.

Главниот лик, Кадрије (позната по своето тајно партизанско име Јета), е Албанка од муслиманско семејство од Македонија, која учествувала во Втората светска војна, а подоцна сама ги израснала своите деца како самохрана мајка. Преку неа, романот се навраќа на сложените општествени трансформации на Балканот во текот на дваесеттиот век, од партизанската борба и социјалистичката обнова, до распадот и неизвесноста на постјугословенскиот период. Приказната на Јета ја одразува издржливоста на една жена која, и покрај ограничувањата на своето историско време, се обидува да го изгради својот идентитет и достоинство во едно патријархално, етнички и верски поделено општество.

ШИФРА: 249
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

108

Година на издавање

2026

Ивана Трајаноска е родена во Скопје во 1981. Таа е универзитетска професорка, писателка, преведувачка и интердисциплинарна истражувачка. Авторка е на романите „Разгледници“ (2008) и „Деса“ (2021), како и на неколку раскази на македонски и англиски јазик.