Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2014 |
Број на страници | 285 |
Куфер за тројца
250,00 ден
Бистра не вели ништо. Како да и е страв од Симона. Како можеше пред малку онака да се смее и да се зеза пред продавница?
Симона не забележува дека ја гледаме.
− Симона… кај ојме?
Насетувам нијанса стравопочит во сопствениот глас.
Ништо. Симона е во транс.
Би и се приближува.
− Симона, на кај идеме?
Симона отсечно ги подраширува очите. Дури и погледнува лево-десно. Не вели ништо.
Нема поим кај одиме.
Кутра девојка. Изгубена е. Во секоја смисла. Вози право, без размислување. Како да сака да избега од куферот.
Како куче на кое му врзале канта на опашката.
Out of stock
Живко Грозданоски е роден есента 1986 во Кичево.
Ги објавил книгите „Песок и свила“ (поезија, 2005), „Отпечатоци врз коцки мраз“ (куси-куси раскази, 2009), „Приказни за тревите“ (раскази, 2011) и „Куфер за тројца“ (2014), финалист за наградата „Роман на годината“.
Од италијански јазик превел дела од А. Барико, И. Звево, Е. Монтале и Н. Аманити.
Живее и работи тука.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.