Мод и Од

Од (автор)Гунстеин Баке

100,00 ден150,00 ден

Мод и Од. Роман за сообраќајот е оригинален и необичен роман за влијанието на автомобилскиот сообраќај врз нашите животи. Романот содржи прецизни есеистички делови во врска со нафтата, донацијата на органи, сообраќајното надгледување, малите движења кои се дел од поголемите. Инженерите конструираат пат, лекарите конструираат тело, ова се последиците на автомобилскиот сообраќај. Големиот број теми го предизвикуваат читателот да мисли”.

Од номинацијата за наградата „Браге“ за 2011 година

„Еден од најчудните норвешки романи оваа година. Но исто така и еден од апсолутно најдобрите… неговото ниво на амбиција и зашеметувачка проза скоро да ја засрамува останатата норвешка фикција. Номинацијата за наградата Браге е победа на самата награда”.

Dagbladet

Мод и Од би требало да биде задолжително четиво за секого кој планира да седне зад управувачот… Баке пишува неверојатно убаво за болното и гротескното”.

Dagsavisen

ШИФРА: 101
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2014

Број на страници

180

Превод/Препев

превод од норвешки: Искра И. Бадева

Гунстеин Баке (1968) дебитираше во 2000 година со романот „Канцеларијата“. „Мод и Од“ е негов трет роман издаден во 2011 година, за кој доби одлични критики, како и многубројни признанија и награди, меѓу кои и „Наградата за литература на Европската унија“ за 2012 година.

Во овој искрен, есеистички, но сепак готски роман, Баке отвора нов поглед во нашето разбирање за она што сообраќајот навистина претставува и што истиот ни прави, како и на она што може да претставува еден роман на ваква тема.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.